Дафина Стојановска: Програмата на ВМРО ДПМНЕ предвидува повисока парична помош за потполно глувите лица за 20 проценти
Гостивар, 27 април 2024 – Носителката на листа за Изборна единица 6, Дафина Стојановска, од коалицијата „Твоја Македонија ВМРО ДПМНЕ“ денес во рамки на предизборната кампања за парламентарните избори имаше средба со членови на локалното здружение на глуви и наглуви лица од Гостивар. На средбата таа ги запозна со програмата „Платформа 1198“ на ВМРО ДПМНЕ во која се предвидени зголемувања на паричната помош и погодности при вработување на лица со попреченост.
– Во програмата е предвидено зголемување на паричната помош за потполно глувите лица за 20 проценти и исто така предвидено е вработување на најмалку едно лице со попреченост во јавните институции кои вработуваат најмалку педесет луѓе. Со ова ВМРО ДПМНЕ покажува поеднаква грижа за сите граѓани, рече Стојаноска по средбата. Подолу може да го погледнете и видеото
Таа во рамки на предизборните за денес организираше прошетка со сопартијките по кејот на Вардар, за кои како што рече, жените се сврзувачкото ткиво на општеството и дека им е потребна поддршка.
згм
Коментарите се затворени.