Ема Нешковска: Почитувањето на работничките права значи носење на одлуки и создавање решенија (ВИДЕО)
Гостивар, 1 мај 2024 – Кандидатката за пратеник од коалицијата „За Европска иднина“ предводена од СДСМ, Ема Нешковска во видеопорака по повод празникот на трудот 1 Мај, посочи дека почитувањето на работничките права не значи само декларативна честитка, туку носење на одлуки и создавање решенија.
По повод празникот, Нешковска, заедно со носителката на листата за ИЕ 6, Славјанка Петровска и сопартијците од ОО СДСМ Гостивар реализираа хуманитарен базар за продажба на рачно изработени филиграни. Собраните средства од продажбата ќе се донираат за црквата св. Атанасиј и манастирот св. Преображение Христово во населба Циглана.
Нешковска на сите трудбеници им го честиташе празникот во видеопораката која може да погледнете подолу.
Коментарите се затворени.