Нешковска: Предадена донацијата од првомајскиот базар за манастирот „Св. Преображение Христово“ во Циглана

Гостивар, 3 мај 2024 – Во пресрет на православниот празник Велигден, кандидатката за пратеник во ИЕ6, Ема Нешковска придружувана од сопартијците, претпладнево го посети манастирот „Св. Преображение Христово“ во населбата Циглана. Во духот на традицијата на Велики петок, запали свеќи и се сретна со членови ан иницијативниот одбор за изградба на овој православен храм.

На средбата, Нешковска ја предаде донацијата, односно прибраните средства од хуманитарниот базар за 1 мај и продажбата на рачно изработени филиграни. Таа кажа дека СДСМ посветува значително внимание на потребите на граѓаните во оваа населба и потсети дека за таа цел го реализирале проектот за асфалтирањето на патот кој води до манастирот, во најкус рок.

фото: Фејзбук

 

Коментарите се затворени.