Дафина Стојаноска: Да се обединиме околу ВМРО-ДПМНЕ и да го зададеме последниот удар на криминалната власт

Гостивар, 4 мај 2024 – Мора да се обелоденуваат сите криминали и скандали. Мора да бидеме гласни. Криминалот е тој кој треба да биде замолчен. Стигнавме до сè поизвесната победа, со овие зборови, носителката на листата за 6 ИЕ, Дафина Стојаноска го започна обраќањето од големиот народен собир на градскиот плоштад. Таа како виновници за состојбите во државата ги посочи СДСМ и ДУИ и повика на масовна излезност на претстојните избори.

– Не смее да дозволиме малцинство од криминалци да владее со мнозинството. Мафијата стана синоним за ДУИ и за СДСМ. Мафијата царува, додека народот пати. Не дозволувајте да ве платат или заплашат. Ако ви нудат пари – тоа се ваши пари. Ако ви нудат многу пари – и тоа се ваши пари. Ако ви се закануваат – знајте дека после 8 мај ќе бидете заштитени од новата Влада која ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ. Затоа велам: сега или никогаш! Време е за победа над мафијата. Не им се плашете – казнете ги. Не бојкотирајте – реагирајте, излезете масовно на гласање и да не дозволиме сценарија за некаква си политичка или финансиска криза, кажа носителката на листата за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ6, Дафина Стојаноска.

Стојаноска го повика мултиетнички Гостивар да се обедини околу ВМРО-ДПМНЕ и така сплотени да ѝ го зададат последниот удар на оваа власт.

– Да го казниме Али, да го казниме Артан Груби, Таче од поодамна е веќе небитен. Прво, ајде сите заедно да гласаме за професорката Гордана Силјановска Давкова. Вие, народот, ја имате историската улога и одлука овој пат. Сега или никогаш, рече Стојаноска и додаде:

– Излезете на 8 мај и гласајте. Излезете и не го губете гласот за листите кои немаат доволно гласови за пратеник. Изгубените гласови во 6-та изборна единица помагаат исклучиво за пратеник повеќе од ДУИ.

Поддршка на претстојните избори побара и лидерот на партијата Движење за национално единство на турците (ДНЕТ), Ердоган Сарач. Тој припадниците на турската заедница во Македонија побара да гласаат за оваа коалиција бидејќи како што рече од власта се понижени. Тој го посочи Артан Груби како неодговорен политичар и со гестот кога побарал да се тргне турското национално знаме, предизвикал револт кај Турците. Кандидатот за пратеник од редовите на ДНЕТ, кој се обрати на мајчиниот, турски јазик посочи дека коалицијата „За твоја Македонија“ и ВМРО ДПМНЕ не се албанофоби како што ги претставуваат од ДУИ и како што рече, сите турци да гласаат за бројот 2.

Анета Кироска на народниот собир во Гостивар упати порака до сограѓаните дека како партија не се против албанците

– Сакам да им порачам на нашите Албанци сограѓани, немојте повеќе да верувате во лажните флоскули дека ВМРО ДПМНЕ е албанофобна партија. Тие имаат за цел повторно да посегнат по вашите гласови.

Кандидатката за пратеник и актуелен член на Советот на општина Гостивар, Кироска зборуваше и за програмата „Платформа 1198, за која како што напомена не ветува невозможно, туку содржи проекти кои произлегуваат од народот, меѓу кои и нови вработувања. Кироска упати критики до актуелната власт.

– Поголем режим, од нив нема зашто не остана гранка од општествениот систем, а да не е уништена. Ги деградираа професионалците, спроведуваа реваншизам, ги наполнија институциите со неквалитетни и несоодветни кадри, го омаловажија македонскиот народ, го прекрстија и го понижија, подвлече Кироска. Таа до гостиварци упати повик на 8 мај да излезат на гласање и да гласаат за бројот 2 и да ја поддржат Гордана Сиљаноска Давкова за претседател.

згм

 

Коментарите се затворени.