Дафина Стојаноска: Во име на Гоце Делчев и борците од НОБ одберете го бројот 2 за да ја зачуваме историјата (ВИДЕО)

Гостивар, 4 мај 2024 – Носителката на листата за пратеници во ИЕ 6, на коалицијата „За Твоја Македонија“ ВМРО – ДПМНЕ, Дафина Стојаноска во рамки на предизборната кампања испрати порака до граѓаните во која посочи дека со заокружување на бројот 2, се зачувува историјата на Македонија.

– Денес се навршуваат 121 година од смртта на македонскиот великан, Гоце Делчев. Во тоа име ги повикувам сите граѓани на Република Македонија, којшто ја ценат жртвата на Гоце Делчев, на борците Народно Ослободителната Војна, да го одберат бројот два во чест на Гоце Делчев, на Јане Сандански, на Методија Андонов Ченто. Бројот два е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца, за горда Македонија и за твоја Македонија, порача Дафина Стојаноска во видеообраќањето.

Денешниот ден, Стојаноска во духот на православието за празникот Велика сабота го посети соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар. Таа им се придружи на сопартијките од Унијата на жени кои организираа хуманитарен базар во пресрет на Велигден.

– Божјиот храм е во нашите срца и души. Со собраните средства од денешната акција, гостиварки денес, на Велика Сабота, покажаа љубов и разбирање за оние на кои им е навистина потребно. Да внесеме малку надеж во нечиј дом, напиша на нејзиниот Фејсбук профил.

Коментарите се затворени.