Утре во Горно Јеловце ќе се празнува Ѓурѓовден
Гостивар, 5 мај 2024 – Иницијативниот одбор за реставрација на параклисот Св. Мино упатува покана до православните христијани и добронамерници да се придружат во прославата на Ѓурѓовден во селото Горно Јеловце, утре (понеделник 6 мај 2024).
Празнувањето ќе започне со водосвет и режење на кумските лебови во кругот на „манастирот“ во 12 часот.
Од одборот наведуваат дека на ова место по половина век повторно ќе има богослужба и упатија благодарност до сите горнојеловци на одзивот, донациите и помошта која ја пружија за реставрација на „малото црквиче“ (параклисот Св. Мино)
Христос воскресе!! Навистина воскресе.
Коментарите се затворени.