Стојаноска: Промените на 8 мај ќе бидат со поубедлива поддршка за бројот 2
Гостивар, 6 мај 2024 – Во рамки на изборната кампања, Дафина Стојаноска, носителката на листата со кандидати за пратеници од коалицијата За Твоја Македонија ВМРО ДПМНЕ за ИЕ 6, по средбата со Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ, испрати порака до избирачите граѓаните непосредно пред изборниот молк.
– Кампањата беше успешна и по првиот круг добив впечаток дека народот е подготвен за промени. Очекувам поддршката да биде поголема од онаа на 24 април и да има поголема излезност. Гордана Силјановска Давкова и листите на Коалицијата ги нудат промените, посочи Стојаноска.
Таа преку ден во рамки на активностите имаше беше во општина Јегуновце. Таму во месноста Пештер присуствуваше на еко-хепенинг и забава со македонска музика. Оттаму упати повик до членовите на партијата да го заокружат бројот 2, бидејќи како што нагласи за професорката Гордана Силјановска Давкова и кандидатите од коалицијата на ВМРО ДПМНЕ се луѓето коишто Македонија ќе ја направат повторно горда.
Коментарите се затворени.