Дафина Стојаноска: Мала криминална група повикува на бојкот на претседателските избори

Гостивар, 8 мај 2024 –  Дафина Стојаноска, носителката на кандидатската листа за пратеници на коалицијата „За Твоја Македонија“ во ИЕ 6 по гласањето, во изјава искажа сомнеж дека е подготвуван бојкот на претседателските избори.

– Сценариото за бојкот на претседателските избори е она на коешто ние предупредувавме. Една мала криминална група повикува на бојкот на претседателските избори, главни причини за тоа се да се спаси од правда и одговорност за криминалите. Сепак најсилното оружје е во рацете на народот, а тоа е гласот. Народот денес гласа за демократија, за слобода на Македонија и за слобода на нејзините уставобранители, рече Стојаноска.

Целото обраќање може да го видите тука.

По изборите и таа се заблагодари на целиот тим од ИЕ 6.

– Работевте од срце и до максимум. Благодарност до сите комитети на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 6. Постигнавте одлични резултати кои се должат на вашиот ангажман. Благодарност и до коалиционите партнери. Благодарност и огромен поклон до уставобранителите. Вашата безрезервна искрена поддршка во текот на кампањата ми ја полнеше душата и ми даваше сила да издржам. Како пратеничка на власта, заедно со Александар и Валентина, ќе го преточам секој ваш глас во мој збор, секоја ваша солза во искра, секое ваше патење во верба.

Христијан Мицкоски е идниот Премиер, Гордана Силјановска Давкова идната претседателка, а народот е повторно суверен на својата држава. Македонија ни даде доверба, која мора да се оправда. Сега или никогаш, напиша Стојаноска.

Коментарите се затворени.