Прослава на Ѓурѓовден во Горно Јеловце (фото и видео)

Гостивар, 7 мај 2024 – На поканата за прослава на Ѓурѓовден од иницијативниот одбор за реставрација на параклисот Св. Мино во Горно Јеловце дојдоа стотина гости. Празнувањето во ова живописно шарпланинско село, започна со водосвет и режење на кумските лебови во кругот на „манастирот“ Убавата атмосфера беше дополнета со дружење и заеднички ручек.

 

Од одборот наведуваат дека на ова место по половина век повторно се одржала богослужба и упатија благодарност до сите горнојеловци на одзивот, донациите и помошта која ја пружија за реставрација на „малото црквиче“ (параклисот Св. Мино) и продолжување на традцијата на нивните предци.

За прославата на Ѓурѓовден за идната година (2025)избрани се и кумовите: Миле Зафироски, Новица Премчески, Димче Димитриевски.

Повеќе фотографии и видео може да погледнете подолу.

 

Коментарите се затворени.