Тамара се врати со уште еден трофеј: Освоен е Гран при на Аngel Voice (ВИДЕО)
Гостивар, 10 мај 2024 – Гостиварскиот „златен глас“ Тамара Грујеска освои Гран при на фестивалот и меѓународниот музички натпревар Angel Voice кој се одржа од 6 до 10 мај во Белград, Република Србија. Тамара со нејзиниот настап ја претстави Македонија во најубаво светло и докажа дека имаме врвни музички таленти. Покрај „гран-при“ наградата, таа беше и победник во нејзината категорија teen.
Колку важна оваа награда, упатува и податокот дека Angel Voice е исклучително квалитетен музички натпревар во повеќе возрасни и вокални категории со многу квалитетни изведувачи од повеќе европски земји.
Од нејзиниот тим за RADIO G кажаа дека Тамара е воодушевена од убавините на преубавиот Белград, гостопримството на домаќините и сите заедно искажаа голема благодарност до директорката на фестивалот Зорица Нинковиќ.
Тамара настапи на два натпреварувачки дена со песните „I surrender“ од Celine Dion и нумерата „I See Red“ на Everybody Loves An Outlaw. Моќната и сигурна изведба ја воодушеви присутната публика во театарот Академија 28 во Белград.
Освен со моќниот глас Тамара пленеше на сцената и со изгледот. За него се погрижи модното ателје Iva Spasovska atelier со две прекрасни уникатни креации. Тоа придонесе Тамара да блесне на сцената и беше дел од гламурот кој беше понуден на сцената.
Тамара на натпреварот за Белград замина со придружба, која ја предводеше директорот на Асоцијација за Уметност Алексовски од Битола господинот Тони Алексовски и директор на интернационалниот фестивал Musicland од Битола.
Инаку „гостиварската дива“ Тамара последниве години го посетува музичкото училиште на Андријана Јаневска. Таму се подготвува за секој натпревар и за новите проекти кои следуваат оваа година.
Да потсетиме дека Тамара Грујеска ја претставуваше Македонија во Ница (Франција) на минатогодишниот Junior Evrosong со песната „Кажи ми кажи ми кој“ дело на тандемот Роберт Билбилов и Дарко Димитров.
Гостивар и Македонија треба уште еднаш беа поставени на пиедесталот од талент како Тамара, која уште еднаш на најдобар можен начин ја одигра улогата на музички амбасадор.
Првиот нареден и позначаен настап на Тамара ѝ е закажан за август на Musiclаnd, а подолу може да го видите и нејзниот настап на оваа манифестација.
Коментарите се затворени.