Brass Brothers и MIYATTA со заеднички проект: “I Wanted More” (ВИДЕО)

Гостивар, 11 мај 2024 – Македонската музичка атракција Brass Brothers позната по динамичните настапи ја претстави најновата песна „I Wanted More“, која е плод на соработка со македонската пејачка и кантавторка MIYATTA. Новиот сигл веќе го промовиравме во „За Прв Пат На Радио“

Ова ново музичко издание е моќна музичка симбиоза која ги спојува уникатните звуци на бендот со прекрасниот вокал на MIYATTA.

„Ни беше задоволство да соработуваме со MIYATTA . Нејзиниот уникатен вокален стил ни донесе поинаква перспектива и ја дополни енергијата која сакавме да ја пренесеме преку оваа музичка творба“, ни изјавија од Brass Brothers.

Оваа песна е најава за концертот на MIYATTA на 15 мај во Малата Сала на Филхармонија во рамките на Скопски Градски Фестивал.

Песната “I Wanted More“ е дел од вториот албум на Brass Brothers, „We Are Energy“. Таа го задржува добро познатиот енергичен музички потпис на бендот, кој дополнет со денс ритамот повторно создава уникатна и интерактивна музичка приказна.

Музиката и аранжманот се дело на Горан Мицевски Кус, фронтмен и тромбонист во Brass Brothers, додека текстот е на Наташа Мијат Крстевска. Видеозаписот е во режија на Сара Јазаџиска Бибовска, а директор на фотографија е Борис Ралев.

„I Wanted More“ е веќе се врти на Radio G i достапна e за преслушување и купување на сите светски дигитални платформи и музички продавници. Видеоспотот може да го погледнете и тука

Коментарите се затворени.