Општина Гостивар спроведе „генералка“ за чистење на четири локации од отпадоци
Гостивар, 17 мај 2024 – Општина Гостивар во соработка со невладината организација МАМ и Црвениот крст од Гостивар спроведоа заедничка активност „Генералка за викенд 2024 година“. Вработени во општинската администрација, јавните претпријатија и ученици се вклучија во едно часовната акција за собирање на отпадоци од кејот на Вардар, центарот на градот, и пред гостиварската гимназија.
– Денешнава е малку поинаква, бидејќи се работи за акција „генерално чистење“ што се случува во повеќе општини во Македонија, па и во општина Гостивар. Ние одлучивме 3-4 зони да се исчистат, првата е шеталиштето околу Вардар, втората е паркот, третата е центар, четвртата е Дебарска улица, рече градоначалникот Арбен Таравари.
Од општината кажаа дека акцијата има за цел да ја подигне јавната свест за потребата од собирање и рециклирање на отпадот и позитивно да влијае на заштитата на животната средина.
Коментарите се затворени.