Ако Таравари стане министер, иден градоначалник ќе биде Ваљбон Лимани

Гостивар, 30 мај 2024 – Претседавачот на општинскиот совет Ваљбон Лимани е можен иден градоначалник на општина Гостивар, доколку Таравари прифати министерска функција. Сепак, Таравари има дилема околу замена на функциите. Доколку треба да се оди на предвремени избори за градоначалник нема да ја прифати министерска функција и смета дека не било праведно кон граѓаните повторно да одат на гласање. Ова го наведе актуелниот градоначалник Арбен Таравари во одговорот на прашањето што го спречува да влезе во идниот владин кабинет. Тој беше попрецизен и ги наведе причините заради кои се колеба околу прифаќање на функцијата министер за здравство во владата за која преговараат коалициите од парламентарните избори Твоја Македонија и ВЛЕНи ЗНАМ/ВРЕДИ.

– Дилемата е дали вреди да се оди за една година двапати на избори? 35.000 луѓе во Гостивар да излезат да гласаат во ноември оваа година и во октомври следната година, мислам дека е нечесно. Така што, ако остане актуелниот Закон за локална самоуправа, јас ќе останам тука. Единствената причина што ме колеба таа дека не би сакал граѓаните да ги малтретираме за неполна година двапати да излегуваат да гласаат, вели Таравари, изјави градоначалникот под средбата со амбасадорот на Австрија во Република Северна Македонија, Мартин Памер.

Таравари појасни дека сè уште нема дефинитивна одлука и тоа би го кажал во понеделник, односно дали ќе продолжи како министер за здравство или како градоначалник на општина Гостивар. Доколку стане министер, тој напомена дека би требало да го замени еден од советниците во општината, но смета дека претседавачот на Советот, Ваљбон Лимани е добро решение за да го замени и да продолжи со раководење на гостиварската општина.

згм

Коментарите се затворени.