Здружение ДУНЕК: Танцов времеплов со хип-хоп хитови и мјузикл на „Мама Миа“

Гостивар, 5 јуни 2024 – Членовите на танцовото студио „ДУНЕК“ утревечер (четврток 6.06.2024) ќе го одржи завршниот перформанс во Центар за култура АСНОМ. Во програмата се застапени модерни кореографии на безвременските хитови од „хип-хоп“ ерата и адаптирана верзија на мјузиклот „Мама Миа“ кои ќе ги изведат две танцови групи.

Од здружението „Дунек“ информираат дека првиот дел ќе биде резервиран за „Hip Hop Performance – Dancing through decades“ патување низ децениите на музика и играње, хип-хоп изведба со хитови од 80-тите, 90-тите, 00-тите, сè до денес.

– Почувствувајте ја еволуцијата на музиката и играњето додека ги оживуваме безвременските песни и свежиот ритам,

Во вториот дел е предвидено да се изведе танцовата претстава Mamma Mia. Станува збор за адаптација на мјузиклот ,,Mamma Mia“ која важи за еден од најпознатите театарски спектакли на Бродвеј и театрите ширум светот.

– Модерната танцова група на ДУНЕК, оваа година подготви адаптација на истоимената претстава во која може да се види танц и глума на талентираните девојки. Приказната ќе ја раскажат преку безвременските хитови на групата ABBA.

Овој проект замислен како финален перформанс „Дунек“ го подготвуваше и реализира во соработка со НУ Центар за култура АСНОМ-Гостивар.

Влезницата во претпродажба за ова театарско доживување чини 100 денари и може да се купи во Мат кафе и на влезот.

Претставата почнува во 19:00 часот.

Коментарите се затворени.