Театарската претстава „Види, летам!“ на Вондерленд театар во Гостивар

Гостивар, 14 јуни 2024 – Во рамки на одбележување на Светскиот ден на бегалците 20-ти јуни, наредниот вторник (18 јуни) ќе биде изведена претставата „Види, летам!“. Ова сценско дело е правено по вистински приказни на лица бегалци, баратели на азил и лица без државјанство.

– Овие луѓе на посебни работилници водени од тимот на претставата, храбро ги споделија своите животни искуства со актерите, авторот и режисерот. Нивните идентитети во текот на целиот процес остануваат заштитени и анонимни, стои во поканата.

Раскажаните приказни, авторот на претставата Ана Ристовска Трпеноска ги преточи во емотивен текст којшто говори за трауматичните настани низ кои овие лица поминувале но и за нивните детства, соништа, емотивни потреби, љубовни искуства и потребата да бидат дел од задницата која често ги отфрла.

Проектот е во режија на Ивана Ангеловска, а под креативно водство на уметничкиот координатор Нела Витошевиќ. Во претставата играат актерите Никола Настоски, Исмет Шабановиќ, Ана Димитрова, Леонардо Лазов и Сара Спиркоска.

– Овој проект е поддржан од Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНЦХР) и Младинскиот образовен форум (МОФ), „Види, летам“ на Вондрленд Театар и не само што ветува дека ќе ја воодушеви публиката, туку и се обидува да ја поттикне емпатијата со бегалците и лицата без државјанство, стои во соопштението.

Претставата ќе биде прикажана на 18 јуни 2024 година со почеток од 20:00 часот на сцената на Центарот за култура АСНОМ – Гостивар. Влезот е слободен.

Вондерленд театар е независна театарска продукција со седиште во Скопје, чие делување е поттикнато од потребата од културна и општествена промена и внесување свежина на независната уметничка сцена, експериментирајќи со алтернативни места и виртуелен простор.

 

Коментарите се затворени.