Конкурс за награда за најдобар млад презентер „Колега Стиков“

Гостивар, 14 јуни 2024 – Го пренесуваме повикот кој може да ги заинтересира родителите на учениците – основци талентирани за говор и медиумска презентација. НАУКА ЗА ДЕЦА, Фондација КАНТАРОТ и семејството на нашиот познат спортски коментатор Александар Стиков, ја распишуваат наградата „Колега Стиков“.Оваа година, под мотото „Добриот глас надалеку се слуша“ во име на славниот глас на Стиков, со наградата ќе се закити најдобриот млад презентер на научна содржина.Ви го пренесуваме повикот и линкот на кој може да прочитате повеќе за условите и начинот на пријавување.

На линкот подолу ќе може да добиете одговори на прашањата: Кој може да учествува на повикот; што треба да се направи; што ќе добие победникот и за рокот за аплицирање.

– Се повикуваат сите основци да нè восхитат со својот глас и со своите презентерски вештини. Покажете ни колку интересно и оригинално може да звучи презентација на една содржина поврзана со наука и влезете во трката за новата награда за најдобар млад презентер.

Повеќе може да дознаете на линкот подолу

https://www.naukazadeca.mk/kolegastikov

Коментарите се затворени.