Тома Стојаноски на ЕВРОБАСКЕТ 2024
Гостивар, 12 јули 2024 – Тома Стојаноски (20) како член на македонската младинска репрезентација ќе настапи на претстојното Европско првенство кое се одржува во Полска(13-21 јули). Тој е првиот гостиварец кој ќе заигра на турнир од ваков ранг и во конкуренција на 16 најдобри европски селекции во У20.
Кошаркарот на КК Гостивар, изминатава сезона имаше добра минутажа и завидна „статистка“ што беше доволно да се најде на списокот на селекторот Смилковски. Стојаноски и претходно заради играта и залагањето беше член во сите младински селекции.
Од Тома кој е ко-капитен на тимот се очекува да биде столб на одбраната, со игра на позициите 3 и 4, но ќе биде и поентер. Тоа го покажаа резултатите од подготвителниот период и контролните натпревари пред старт на Европското првенство. Неговиот здравствен билтен е одличен и во подготвителниот период достигна врвна кондициска и тактичка форма.
Младинската „црвено-жолта“ репрезентација за Полска замина вчера, а веќе утре ќе се соочи со најсилната селекција и фаворит за шампионскиот трон, Шпанија.
Нашиот Тома треба да биде во стартната петорка и ќе може да го гледаме преку преносот кој е закажан за 20:30 што може да се следи на Јутјуб каналот на ФИБА. Тимот на Radio G на Тома му посакува успешен настап, а нам како публика да го следиме на линкот на FIBA U20 EuroBasket 2024 Official Website | FIBA.basketball
https://www.fiba.basketball/en/events/fiba-u20-eurobasket-2024
Коментарите се затворени.