Убиството во Дебреше, едно лице приведено
Гостивар, 23 јули 2024 – Едно лице починало од повреди нанесени со огнено оружје, попладнево во гостиварското село Дебреше. Две лица се осомничени дека пукале од автоматско оружје, а полицијата привела еден од осомничените.
Според информациите од портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи, околу 17:15 часот во СВР Тетово било пријавено дека во гостиварско село Дебреше со автоматско оружје било пукано кон Р.К.(35) од Дебреше.
– Како осомничени извршители на делото се браќата Ј.В и Б.В. од истото село. Тие во моментот на извршувањето биле во патничко возило „волво“ со швајцарски регистарски ознаки. Едниот од нив, Б.В. е приведен. Од него е одземена автоматската пушка со кое го извршил делото, наведува портпаролот Реџепи. Во тек се дополнителни мерки и увид за расчистување на случајот.
Според нефоцијалните информации, на убиството му претходеле расправии помеѓу починатиот и двајцата браќа. Колуминацијата на недоразбирањата достигнала попладнево, кога едниот од нив испукал рафал од автоматско оружје.
згм
Коментарите се затворени.