Шендрит Деари по втор пат стана државен првак во тенис
Гостивар, 23 јули 2024 – Гостиварскиот тенисер и еден од најуспешните спортисти, Шендрит Деари се закити со уште една титула. По петте дена на најпрестижниот тениски турнир во Македонија, Државното првенство во тенис тој стана државен првак. Во финалето Деари победи против Стефан Мицов со резултат 2:1 (6-1, 1-6, 6-4 во сетови). Лани, Шендрит беше вицешампион и не успеа да стигне до тронот, па заради повредата во финалниот меч мораше да се откаже.
Деари и Мицов последниве три години кога некој од нив бил државен првак играле меѓусебе четири пати. Со последниот меч скорот е 2-2. Инаку, лани во полуфиналето Деари го победи Мицов со 2-0 во сетови (6-2, 6-1).
Со победата во полуфиналето на годинашново Државно првенство на Македонија во поединечна конкуренција над ланскиот првак Димитар Грабул, гостиварецот Деари се избори за седмото финале го отвори патот кон втората титула по онаа од 2009 година.
Деари во дуелот со ланскиот финалист Грабул победи со 2-1 во сетови (6-4, 3-6, 6-3). По изедначувањето по вториот сет, мечот беше решен во третиот, кој му припадна на Деари и со тоа успеа да се реваншира за загубениот меч од ланското финале.
Шендрит Деари (35) е роден во Гостивар во кариерата има освено повеќе турнири, на поедичната АТП листа го достигнал 1.131 место (2014), во АТП двојки 1091 (2013), бил член на репрезентацијата на Македонија и има настапи на Дејвис купот .
Коментарите се затворени.