Гостиварските шахисти на државното првенство во Струмица
Гостивар, 21 јули 2024 – Дванаесет шахисти од ШК „Гостивар“ ќе бидат дел од натпреварите на 32-рото екипно Државно првенство во Прва лига за мажи, во хотелот „Сириус“ во Струмица, каде од 24 јули до 1 август на едно место ќе ја собере македонската шаховска „елита“.
Претседателот на клубот, Воислав Мерџаноски информираше дека тргнуваат со амбиции за освојување на медал, но како што нагласи, годинава тоа ќе биде предизвик.
– На првенството ќе има десет клуба, наместо како претходно кога имаше осум. Конкуренцијата е силна и ќе го сметаме за голем успех, доколку бидеме меѓу првите три. Екипата е во добра форма и доколку се прикажат квалитетите на нашите шахисти ќе влеземе во игра за медал, вели Мерџаноски.
Во екипата на Гостивар има 12 шахисти, од кои двајца велемајстори и двајца ФИДЕ мајстори. Натпреварите ќе се играат по Бергер систем (секој со секого). Шаховскиот клуб „Гостивар“ во Струмица ќе настапи во овој состав:
Илиќ Љубомир, Ѓукиќ Никола, Симјановски Сашо, Стефановски Душан, Танчев Зоран, Јованоски Васко, Мифтари Хедон, Миновски Ѓорѓи, Перуновиќ Милош, Салмани Ахмет, Стојкоски Ацко, Зибери Саид.
Коментарите се затворени.