Прва Архијерејска литургија, едноцрковие и празнична програма за Преображение Христово во Циглана
Гостивар, 17 август 2024 – По повод православниот празник „Преображение Христово“ и одбележувањето на десет години од осветувањето на камен-темелникот на манастирот „Свето Преображение Христово“ во гостиварската населба Циглана од утре почнува дводневниот црковно народен собир. Освен културно забавната програма, во понеделник наутро на 19 август ќе се отслужи света Архијерејска литургија.
Од Гостиварското архијерејско намесништво информираа дека на големиот христијански празник Преображение, во понеделник (19 август), во манастирот „Свето Преображение Христово“ во Гостивар за прв пат ќе биде отслужена Света архијерејска литургија
– Литургијата ќе започне во 8:30 часот, по што ќе се прережат кумските лебови и ќе се изврши чинот на благословување на лозовиот плод-грозјето, традиционално за овој празник, стои во соопштението.
На овој ден, наведуваат од гостиварското архијерејско намесништво дека во понеделник ќе биде едноцрковие, односно литургија ќе има само во манастирот „Свето Преображение“ во Циглана.
Празнувањето ќе биде збогатено со пригодна програма која ќе започне во недела од 20 часот и ќе продолжи утредента на 19 август во манастириот двор.
Коментарите се затворени.