Дискографската куќа „Фидбокс“ бара нови соработници
Гостивар, 11 септември 2024 – Една од најценетите издавачки музички куќи во регионот ќе ги промовира своите услуги пред изведувачи, автори, сопственици на продавници на музички изданија. Овој петок (13 септември) во 13 часот, во „МГ барот“ во Скопје (булевар Партизански одреди 101), пред македонската јавност, српската дискографска куќа „Фидбокс“, чие седиште е во Стара Пазова закажа средба со љубителите на музиката и музичката индустрија во Македонија.
Промоцијата на „Фидбокс“ во Скопје е замислена како дружење со македонските медиуми, музички продавници и изведувачи, кои се во потрага по дискографска куќа. За таа цел во Скопје ќе престојува првиот човек на „Фидбокс“, Горан Јовиќ, и самиот музичар.
Дискографската куќа „Фидбокс“ постои од 2012 година, а под нејзините закрила досега се објавени винилните изданија на „Рибља чорба“, Бајага и „Инструктори“, „Ван Гог“, група „Фит“, „Тунел“, „Вуду Попај“, „Атомско склониште“, Никола Чутурило …
Оваа пролет во соработка со ПГП РТС, „Фидбокс“ повторно го реиздадоа на грамофонска плоча првиот албум на Бајага – „Позитивна географија“.
Коментарите се затворени.