Отворена врата за дискографски изданија на македонски музичари во Србија
Првиот човек на српската дискографска куќа „Фидбокс“, Горан Јовиќ, вчера беше во Скопје и пред македонските музичари, промотери, продуценти, новинари, претставувајќи го сето она што е направено изминатите десетина години, посаката и македонската музика да биде овековечена на аналогни изданија. Бидејќи, за жал, ние сме многу мал пазар, и подолг период немаме своја продукција, тоа би била навистина убава шанса и надвор од нашите граници да се слушне квалитетна македонска популарна музика.
Издавачката куќа „Фидбокс“ прва во Србија, по подолг период, почна да објавува винили, старите добри плочи, на радост на љубителите на аналогните изданија, кои секој ден ги има се повеќе и во регионот и во светот. Иако на просторот на некогашна Југославија прва со оваа практика беше „Кроација рекордс“ и „Фидбокс“ се поамбициозно издава ретки изданија на најголемите српски и екс ЈУ- групи и пејачи, а остварува и соработка со оваа дискографска куќа и секако со „ПГП РТБ“.
Првиот човек на „Фидбокс“, Горан Јовиќ, вчера беше во Скопје и пред македонските музичари, промотери, продуценти, новинари, претставувајќи го сето она што е направено од страна на куќата изминатите десетина години, посака и македонската музика да биде овековечена на аналогни изданија. Бидејќи, за жал, ние сме многу мал пазар, и подолг период немаме своја продукција, тоа би била навистина убава шанса и надвор од нашите граници да се слушне квалитетна македонска популарна музика.
Како домаќин на прес конференцијата, Иван Беќковиќ, познат македонски новинар и официјален претставник нa „Кроација рекордс“ во земјава, тој откри една убава идеја која би се остварила во соработка на „Фидбокс“, „Кроација рекордс“ и ПГП РТБ, за издавање двоен албум, компилација со песни на наши познати групи, како „Леб и сол“, „Конкорд“, „Мугер фугер“, „Д Длатонс“, „Културно уметнички работници“, музиката на Горан Трајковски, „Мизар“….
– Сакам да го претставам Горан Јовиќ во Македонија. Од 2012 година постои неговата дискографската куќа „Фидбокс“, која досега има многу изданија и остварила соработки со издавачки куќи од регионот. Под нејзините закрила досега се објавени винилните изданија на „Рибља чорба“, , „Ван Гог“, група „Фит“, „Тунел“, „Вуду Попај“, „Атомско склониште“, Никола Чутурило, Срѓан Марјановиќ …Оваа пролет во соработка со ПГП РТС, „Фидбокс“ повторно го реиздадоа на грамофонска плоча првиот албум на Бајага и инструкотри – „Позитивна географија“. всушност нивно првенче, чии први 500 примероци се веќе продадени и веќе се работи на златен винил. Горан и неговиот тим имаат многу планови за наредниот период, а меѓу нив е и соработка со македонски музичари. Би сакал заедно со Горан да иницираме објавување на една македонска компилација, со некои нови и постари бендови. Би било прекрасно тоа да го направиме, а проектот веќе има и работен наслов, кој гласи „Тамо где сунце вечно сја“, според антолгиската „Македонија“ на Дадо Топиќ. Се надевам дека по оваа средба, некои договри за соработка ќе се склучат – рече Иван Беќковиќ.
Од своја страна Горан Јовиќ, поздравувајќи ги присутните рече дека, иако музиката не е негова примарна професија, таа ги спојува луѓето, а осоебно рокенролот е она што создава трајни врски, искрени пријателства, без интерес. Бидејќи и самиот е музичар, и веќе работи на својот трет албум, кој се разбира наскоро ќе излезе под закрилата на „Фидбокс“, еден од најголемите хитови на Горан Јовиќ има наслов: „Спас тражим у рокенролу“.
Горан во родната Стара Пазова, досега бил на високи политички фукции, а извесно време бил и градоначалник. Сепак, никогаш сосема не ја запоставил музиката.
– Музиката што и да правам е дел од мојот живот, не е само хоби, таа е моја страст и преокупација. Мојот прв албум го снимив со кавери, со одлични музичари, кои сега имаат свои кариери, а јас, ете, сакав да покажам дека можам и тоа да го напаравам. Потоа се насочив кон објавувањето на албумите на моите музички идоли на винил: „Рибља чорба“, „Бајага“, „Ван Гог“, „Атомско склониште“…Исто сакам да им дадам шанса на нови, млади сили во музиката, кои за жал се помалку ги има. Не станува збор за некои големи тиражи, но интересот од ден на ден е се поголем. Тука нема заработка, но секој што сака да се занимава со музика мора да објавува нова мзуика. Треба бендовите и авторите да покажат дека се живи и да поканат нова публика на своите концерти.Да остават нешто зад себе, да бидат повторно во жижата на медиумите. Токму затоа организираме и музички фестивал, со цел да им овозможиме промоција на нашите артисти – рече Горан Јовиќ.
Тој дополни дека „Фидбокс“ засега е мал оператиен филм, со четвроица членови, освен него, дел до тимот е и неговиот постар син Филип, музички уредник, чија специјалност е рокенрол, Мирослав Вицко Милатовиќ од групата „Рибља чорба“ и Бранислава Стефановиќ, ликовен уметник, дизајнер на сите нивни изданија.
Јовиќ откри пред присутните и дел од плановите за наредниот период.
– Работиме на це-де на Слободан Бобе Павковиќ, познат фудбалер на Војводина и на Партизан, со успешна кариера во странство, кој во младоста бил член на групата „Рани мраз“ заедно со Ѓорѓе Балашевоќ, со кого пораснал. Тој има некои песни што не се снимени, а го имаат звукот од почетокот на 1980-те. Ќе ги овековечиме и песните на групата „Инфузија“, семеен бенд на татако и два сина, од Нови Сад, кои се се популарни. Следната година е во план издавање на антологија на групата „Тунел“, а воедно би сакал да покренеме едиција наречена Антологија. Се подготвува и двоен албум на „Галија“, плоча со песните на „Генерација 5“, а по повод 35 години од премиерата и резидание на албумот со музика од филмот „Како пропадна рокенролот“. Ќе излезе и албумот „Са друге стране јастука“, на Бајага и Инструкотри, а во план е и мојот трет албум, кој е веќе снимен, а насловен е „ Бајка без крај“. Искрено се надевам дека ќе работиме и со македонски музичари периодов што следува – посочи Горан Јовиќ.
М.Т.
Фото: М.Т.
Коментарите се затворени.