Тамара уште еднаш на врвот, од Грција донесе две награди

Гостивар, 30 септември 2024 – Последниот фестивалски настап на Тамара Грујеска на фестивалот GREECE’s HOPE – International Festival 2024 кој се одржуваше од 25 до 29 септември во Нафплион Грција (Greece, Nafplion) ѝ донесе уште еден успех. Гостиварската дива, со изведбите на песните I See Red и безвременската I Have Nothing (Whitney Houston) освои две награди.

Во нејзината витрина со трофеи од синоќа има уште едно ГРАН ПРИ и Прво место во категориите поп и рок вокал кои се доделуваа на фестивалот.

Во пораката по настапот, Тамара го сподели задоволството од постигнатиот успех и искажа за поддршката и благодарност за креациите кои ги овозможија İvaSpasovskaatelier (успешна модна куќа на Ива Спасовска, гостиварка по потекло).

– Прекрасно е чувството да се претставува Македонија секогаш го давам максимумот за мојата земја. За фестивалот се подготвував со мојата учителка Андријана Јаневска, ни напиша Тамара.

Од нејзиниот тим велат дека годинешната конкуренција била силна, а настапите ги оценуваа членови на меѓународно жири. Годинава на овој фестивал имаше претставници од повеќе земји: Македонија, Грција, Литванија, Молдавија, Романија, Германија, Словенија, Бугарија, Летонија, Чешка, Малта, Србија, Шведска и Франција. Делегацијата на Македонија ја предводеше Тони Алексовски.

Тамара по овој настап ја искористи приликата и најави дека наскоро ќе има нова песна и видеозапис.

Radio G ѝ честита на новите награди и признанија на „златното грло“ кое ги слави Гостивар и Македонија.

Коментарите се затворени.