Петар Ристоски нов претседател на ПСК „Бистра“

Гостивар, 24 март 2025 – На изборното собрание на планинарски спортски клуб „Бистра“ – Гостивар кое се одржа минатата недела беше избрано новото раководство. За претседател е избран Петар Ристоски, нов секретар Маја Исајлоска, а Богољуб Грујески благајник на клубот.

Велимир Ѓорѓиески, доскорешниот прв човек на најстариот планинарски клуб во Гостивар, кому му истече мандатот, прв им го честиташе изборот, а на Фејсбук-профилот беше напишано:

„Им посакуваме успешна работа и многу нови заеднички авантури. Благодарност до сите што присуствуваа и го поддржаа клубот. Продолжуваме заедно нови планови, нови височини!“

Покрај изборот на ново раководство на собранието било разговарано и за тековните активности и за плановите и беа усвоени неколку одлуки поврзани за работењето на клубот.

Овој планинарски клуб своите активности како друштво ги има започнато од 1983 година. Иако има триесетина активни членови, овој клуб има исклучителна богата програма и активности и работи на популаризација на планинарењето.

Коментарите се затворени.

Radio G