ХЗ „д-р. Трајче Нешковски“ донираше апарат за очен преглед

Гостивар, 5 ноември 2024 – Гостиварската болница доби нов проектор за очен преглед како донација од Хуманитарното здружение на граѓани „д-р. Трајче Нешковски“. Претседателот на здружението Петко Јовицоски на примопредавањето искажа благодарност до Арѓент Муча директорот на општа болница „Ферид Мурад“ за соработката.

– Денес на офталмолошкото одделение дониравме модерен и современ проектор за очен преглед на пациентите со кој ќе се овозможи подобра услуга и полесно дијагностицирање на очните слабости. Добрите услови во здравствените установи се минимумот што нашите граѓани го заслужуваат и токму поради тоа, сите чинители во општеството треба да се трудат тоа да го овозможат, вели Јовицоски.

Од здружението „д-р Трајче Нешковски“ наведуваат дека тие ја продолжуваат со активностите за олеснување на живеењето на луѓето и подобрување на квалитетот на нивниот живот за сите подеднакво и во сите сфери.

Коментарите се затворени.