Само насмевни се, нов сингл на Тамара Грујеска (ВИДЕО)
Гостивар, 6 ноември 2024 – Тамара Грујеска сними спот за новата песна со наслов „Само Насмевни се“ чиј автор е Роберт Билбилов и Just Rb Production. Промоцијата на видеото беше закажана за 17:00 часот на нејзиниот јутјуб канал и веќе достапен за публиката. Radio G за утре закажа радиска промоција.
Станува збор за модерна песна која нуди со порака во текстот на Робин Зимбаков. Тамара порачува дека „Само насмевни се“ е песна за сите генерации и во неа може секој да се пронајде, а потребно се само малку волја и насмевка по што животот станува поубав.
– Се чувствувам среќно задоволно и исполнето после остварување на еден ваков голем проект зад кој стојат големи имиња на македонската естрада. Екипата работеше одреден период и конечно дојдовме до крајот и да се гордееме. Среќна сум што имам модерна песна и порака која е прифатлива за секој човек за секоја личност за секоја генерација. Треба само да ја слушнете песната и да се насмеете. На целиот тим кој беше дел од овој проект сум им благодарна од срце. Наскоро ќе има и нови проекти но најпрвин убаво да ја претставиме „Само насмевни се“ на пошироката публика, изјави Тамара.
Видеоспотот е снимен на повеќе локации во Скопје и дел во студиото Prolite на Тоше. Режијата е на Огнен Шапковски и го изработи Мелем продукција. За кореографијата како и за дел од изгледот беше задолжена Љупка Јакимовска која беше и дел од тимот на МРТВ на детскиот евросонг во Ница Франција. Во спотот учествуваа и членки на балетското студио Ребис под водство на Леона Танасковски. Дел од креациите се на познатиот македонски моден бренд Ivasapasovskaatelier кое со голем ентузијазам ги изработува сите креации за младата Тамара.
Последниот сингл е трета по ред соработката на Роберт Билбилов и Тамара Грујеска. Претходно беа снимени „Имам Сила“ и „Кажи ми кажи ми кој“ со која минатата година ја претставуваше Македонија на Juniorevrosong во Ница Франција.
Коментарите се затворени.