Ваљбон Лимани: Центарот „Блу пазл“ е пример на добра соработка на локалната заедница, локалната и централната власт

Гостивар, 3 декември 2024 – Во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со попреченост во Гостивар, министерот за социјала, демографија и млади Фатмир Лимани во придружба на вд градоначалникот Ваљбон Лимани го посети Центарот за аутизам „Блу пазл“

Тие имаа средби со вработените и родители на деца кои ги користат услугите на центарот и се за работата и условите на „Блу пазл“ Овој центар за аутизам е единствен во поширокиот полошки регион и згрижува шеесетина деца.

– Услугите и грижата кои ги пружаме се со висок стандард и меѓу најсовремените и тие се бесплатни. Во центарот има покрај сензорна акредитација има акредитирани терапевт. Оваа посета ни претставува мотивација работиме и понатаму и да бидеме уште поуспешни, кажа координаторот на центарот Валона Емини.

Гостиварскиот градоначалник Ваљбон Лимани посочи дека Центарот „Блу пазл“ добар пример на добра соработка на локалната заедница, локалната и централната власт

– Од ова место и на овој ден, можам да испратам порака до другите општини да го следат овој пример, и да соработуваат. Сакам да порачам и дека не само денес кога го одбележуваме Меѓународниот ден на лицата со попреченост, туку дека за нив треба да се грижиме преку цела година, рече градоначалникот Лимани.

За министерот ова беше можност да потсети дека обврска и одговорност да се создадат можности за користење и развој на потенцијалот на сите лица, а особено на лицата со попреченост. Тој потсети на социјалните услуги кои се обезбедени преку системот на социјална заштита.

– Лицата со попреченост често се соочуваат со различни бариери, не само физички, и социјални, емоционални, економски. Овие лица не треба да се перцеаат по својата попреченост, туку по своите способности, таленти, потенцијали, нагласи министерот.

 

Коментарите се затворени.