Елизабета Јовановска / Betty Lynn Бети: Новата песна: „Сама“ е излез од токсичниот круг (ВИДЕО)
Гостивар, 8 декември – Betty Lynn која на пошироката публика и е позната како и како Елизабета Јовановска, на првиот ден од декември ја промовираше нејзината најнова песна „САМА“. Таа за новиот сингл и инспирацијата ќе каже дека дошла од состојбата во којашто се наоѓала во еден период што е зад неа.
– Сама е парче душа што со години чекаше да излезе од фиока. Конечно ви ја подарувам и сигурна сум дека ќе допре многумина од вас што во одреден период од животот сте одлучиле да излезете од некаков токсичен круг, колку и да било тешко. Па затоа да ја пееме најгласно, вели Бети.
Таа во изјавите дадени за медиумите наведува дека била „заробена“ во кругот во кој немало промени, а оваа песна за неа е всушност едно ослободување. Затоа и посочува:
– За мене, а верувам и за сите оние што одлучиле да продолжат сами – не затоа што не можеле да бидат со некого, туку затоа што го одбрале сопствениот мир и напредок, наместо да следат туѓи патеки по цена на сопствена жртва, вели Бети.
Ова музичко парче кое испраќа силна порака е дело на нејзиниот познаник и соработник Виктор Апостоловски. Овој битолчанец ги напиша музиката и текстот. Тој го сработи и видеоспотот кој е снимен на повеќе локации во Маврово, место кое Бети го сака заради спомените од детството
Музичката кариера на Бети започнува со нејзината појава на музичкото шоу Македонски Идол, во кое беше финалист. Новата е песна „Сама“ ѝ е четврт сингл, а се објавува по пауза од речиси десет години.
Видеото може да го погледнете и тука
Коментарите се затворени.