Гостиварски наставници ќе земат К-15, советот одoбри исплата на 15,5 милиони денари
Гостивар, 11 декември 2024 – На последната 40 седница на Советот на општина Гостивар беше изгласана одлука за измена на распределбата на блок дотациите во општинскиот буџет. Тоа значи дека е дадено „зелено светло“ за исплата на регресот или популарниот К-15 на просветните работници.
Претседателот на советот Намик Дурмиши по седницата појасни дека поголемиот дел од сумата, односно околу 10 милиони денари е наменета за наставниците во основните училишта, а остатокот оди за средните училишта.
– Бидејќи се работи за блок дотации кои се додаваат во општинскиот буџет, ова одлука го помина филтерот на општинскиот совет, рече Дурмиши и нагласи дека оваа одлука е донесена едногласно од сите советници.
Како важна точка на седницата била и предлог-одлука за изменување и дополнување на Генералниот урбанистички план за блок 26 и изработка на ДУП за истиот блок.
Според најавите во овој дел кој ја опфаќа дел од индустриска зона на излезот од градот кон Тетово е предвидено да се гради поголем објект за трговска намена.
згм
Коментарите се затворени.