Предраг Димоски го извади крстот од Вардар (фото и видео)
Гостивар, 19 јануари 2025 – Годинава, светиот крст што во водите на Вардар беше положен на пладне, на христијански празник Богојавление Водици, го фати Предраг Димоски. Овој дваесет и шестгодишен шумар и тренер во КК Гостивар-младинска беше најсреќен меѓу четириесетината гостиварци кои влегоа во реката. Првите честитки и осветена икона како подарок доби од иницијативниот одбор, по што им се заблагодари на сите сограѓани, честитајќи им го празникот. Годинава меѓу пријавените „фаќачи“ беше и шестгодишниот Драган Андоновски.
Прославата на празникот започна утрово со света литургија во соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ на градскиот плоштад. По богослужбата, литијата со верници тргна од црквата „Успение на Пресвета Богородица“ и преку централното градско подрачје до малиот мост на кејот. Од свештениците од гостиварското архијерејското намесништво го извршија чинот на осветување на водите и го положи светиот крст во реката. Празнувањето на Водици продолжи на брегот на Вардар каде годинешните кумови ги послужија верниците кои учествуваа на годинешната, единаесетта по ред манифестација од нејзиното обновување.
Како помина фаќањето на крстот може да погледнете на видеото тука:
а моменти од празнувањето, може да погледнете на фотографиите кои ни отстапија од ProCam studio
Коментарите се затворени.