Започна дистрибуција на пакувана вода за пиење во Гостивар
Гостивар, 19 јули, 2026 (МИА) – Првите количини на пакувана вода која ги обезбеди Владата на РСМ, од вечерва се делат на определени пунктови во Гостивар. Вечерва се испорачани 50 илјади литри вода во пластични шишиња кои делат на повеќе пунктови.
Директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски, кој дојде во Гостивар со првата пратка на вода, посочи дека во зависност од потребите може да се зголеми бојот на пунктови и да се отвораат и други.

– Секој ден додека трае состојбата ќе дистрибуираме по 50 илјада литри на ден. Овие количини ќе се распределуваат на неколку пунктови, 6 или 7 а можеби и повеќе. Тоа ќе зависи од потребите и за да не се создаваат турканици на топлото време, рече Томовски.
Во соработка со локални волонтери, предвидено е дистрибуцијата на водата да се врши на локациите:
Водостопанство – Гостивар, ул. ЈНА бр. 139, Градинка „Пролет“, ул. Беличица бр. 47, СЕОУ – Гостивар (Средно економско училиште), ул. Живко Брајковски бр. 39, ЈП Национални шуми – Подружница „Шар“ Гостивар, ул. Браќа Ѓиноски бр. 165
АД ЕСМ – Подружница кај гаражите (Питарница), ул. Илинденска, Општа болница „Ферид Мурад“ – паркинг, ул. Чеде Филиповски бр. 29, Територијална противпожарна единица – Гостивар, ул. Беличица бр. 35. Вода се делеше и на градскиот плоштад.

Во меѓувреме, низ градот се организираат повеќе акции на поединци и компании, кои делат пакувана вода. Вода за лицата во социјален ризик преку локалната самоуправа се дели во дворот на пожарникарската зграда.
згм
фото МИА

Коментарите се затворени.