Хајди сними дует со Дејан Цукиќ: „Јутро је тек“ нов хит сингл

Гостивар, 24 март 2025 – Желбите се остваруваат е само констатација дека сé можно ако доволно се посакува и се има верба. Смиљана Штрбац (Хајди) од бендот „Heidi šeće psa“ е жив доказ дека соништата се остваруваат. Таа по неколку децении повторно се здружи со љубовта од тинејџерските години.
За ова псоледно музичко остварување кое ни доаѓа од регионот добивме и приказна која фасицинира. Но, сепак освен приказната за „Јутро је тек“ (слоб препев на мак. „Утрото само што започна“) се работи за песна која има мелнахоличен поп-рок призвук. За новата песна снимен е и видеоспот, а од денес ќе ја промовираме во „За прв пат на радио“ на 106,4 Radio G.

Инаку приказната за овој сингл е поврзан со Смиљана Штрбац (Хајди). Таа ги запишала замислените средби и соништа во својот дневник. Тогаш биле создадени текстот и музиката, а сега се преточени во песната „Јутро е тек“, во која гостин е токму музичарот на кој му се обраќа, Дејан Цукиќ, (поранешен член на Бајага и Инструктори, Булевар).

„Во моите тинејџерски денови, кога се пишуваше песната, повеќето од нас ставаа постери од нашите музички идоли на ѕидовите од нашите соби. Сонувавме да ги запознаеме, да се дружиме со нив, да им бидеме важни“, вели Хајди и додава дека песната ја напишала буквално за пет минути. „Тогаш лудував по Бајага и Инструкторите, а мојот идол, кој го засакав на начин на кој само тинејџерки можат да го засакаат момчето од плакат што не го ни знаат, беше еден од Инструкторите,  Дејан Цукиќ“, открива Хајди.

Откако Хајди ја основала групата „Heidi šeće psa“ (“Хајди го шета кучето“) со Хрвоје Борошиќ, таа му ги отпеала стиховите, на што Хрвоје дошол на идеја да стапат во контакт со Дејан Цукиќ за дует. Во тој момент белградскиот музичар не бил ни свесен дека песната е напишана за него.

“Убаво е да се биде дел од една ваква прекрасна приказна. Секако, голем комплимент, но и потврда дека сè што правиме, колку и да изгледа глупаво, сепак има одредено значење, ако инспирира една девојка да напише песна и да се сеќава по толку години. Смиљана, Хрвоје и екипата се навистина добро друштво, одлично си поминавме додека снимавме и создадовме нешто со толку убави мотиви” – изјави Дејан Цукиќ, на што Хајди се надоврза…

„Кој вели дека соништата не се остваруваат, само треба да го сакате тоа многу, а понекогаш и да почекате малку подолго“.

Сценариото за спотот го направи Хрвоје, а во него Хајди од средношколските денови брилијантно ја глуми Миа Рендиќ, која мечтае со песните на Дејан Цукиќ, гледајќи го неговиот постер на ѕидот и прелистувајќи ги неговите фотографии и написи во весниците. На крајот, возрасната Хајди, лице в лице со Дејан, пред микрофон го пее текстот на песната „Јутро је тек“. Спотот е комплетно дело (режија, снимање и монтажа) на Динко Чвориќ Доринго, кому ова му е петнаесетта соработка со бендот.
Тука може да го погледнете и видео-спотот за песната

 

Коментарите се затворени.

Radio G