Отворен ден во „средно економско“: стипендија од 3.500 денари за секој запишан ученик
Гостивар, 21 мај 2025 – Едно од најстарите стручни училишта во Гостивар на „отворен ден“ пред полуматурантите и нивните родители ги промовираше образовните струки и поволностите кои се нудат.

Средното економско училиште во Гостивар настанот го организираше низ атрактивни и оригинални презентации. Гостите во училиштето можеа запознаат со изучувањето на образовните струки: Дигитален маркетинг, Правен техничар, Економски техничар и Угостителство и туризам.

На посебно организираните штандови и во адаптираните училници на гостите им беа прикажани практични вежи и им предочена поволноста од добивање на стипендија од 3.500 денари месечно за секој ученик што ќе се запише во средното економско. Како предност од запишувањето во СЕОУ е дуалното образование, кое предвидува и практична работа.

Наставниците и учениците од погорните години низ оригинални презентации ги појаснија што е економски техничар, техничар за е-трговија и дигитален маркетинг, техничар за гастрономија и правен техничар. Од оваа образовна институција наведуваат дека една од посилните страни им е и наставниот кадар, кој освен квалификации има искуство кое гарантира успешено образување.

Коментарите се затворени.