Заеднички ручек на пензионираните наставници

Гостивар, 27 мај 2025  – Гостиварскиот градоначалник Ваљбон Лимани оствари средба и организираше ручек со пензионирани просветни работници по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј. На неформалното дружење со седумдесетина наставници се споделија размислувања, ставови околу образованието и просветната дејност. Некогашните наставници средбата ја искористија за да споделат и по некој спомен од времето кога образувале ученици во училишните клупи.

– Традиционално, по повод 24 Мај се дружиме со пензионерите наставници и учители кои предавале на македонски јазик во училиштата на гостиварско подрачје. Ова е убава прилика да им се заблагодариме за сите генерации кои се плод на нивната работа. Се надевам дека оваа традиција ќе остане да се негува и понатаму, рече Лимани.

Општина Гостивар осум години наназад одржува вакви неформални средби со пензионирани наставници Албанци, Македонци и Турци по повод деновите кои се слават како празници на просветата.

згм

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar