Од срце за срце: М – Кеш даруваше хуманитарни пакети за пет гостиварски семејства
Гостивар, 18 јуни 2025 – Вработените во гостиварските подружници на финансиското друштво „М – Кеш“ на дело ја покажаа солидарноста со социјално загрозени семејства. На нивна иницијатива, вчера се реализира хуманитарна акција „Од срце за срце“ наменета за семејства кои се во социјален ризик. Во „М – Кеш“ издвоија финансиски средства за набавка на пет пакети со прехранбени производи за кои им беа испорачани на семејствата.
– Се надеваме дека со овој скромен гест, насмевнавме и израдувавме семејства на кој помошта им беше неопходна, ни напишаа од М – Кеш во образложението за нивната акција.
Овој пример на солидарност и хуманост кон сограѓаните е за поздравување и да се надеваме дека ќе им биде од корист во време кога беспарицата и скапотијата ја отежнуваат егзистенцијата.

Коментарите се затворени.