Гостиварски театар: Комедијата „Манијак“ се игра во петок

Гостивар 18 јуни 2025 –  Најавената премиера на Гостиварски Театар, преставата „Манијак“ ќе се изигра во петок навечер (22 јуни в0 20 часот).

Претставата по текст на Ратко Бјелчиќ ја режира Елеонора Теова и се игра на македонски јазик. Во неа се третираат состојбите кои настануваат од лажните вести во медиумите и какви штетите тие може да имаат врз обичниот човек и новинарите. Во претставата која според жанрот е комедија играат актерите: Марко Дојоски, Ирена Илиевска и Елизабета Клинчаревска- Младеновска.

Костимите за оваа претстава ќе ги работи Катерина Чукниева, а сценографијата е на Филип Коруновски. Преставата е една од петте премиери кои беа најавени за новата сезона во Гостиварски театар. Почетокот на премиерата е закажан за 20 часот, во големата сала на Центарот за култура АСНОМ. Цената на влезницата е 200 денари.

 

 

 

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar