Целовечерен концерт на ГАКУД „Браќа Ѓиноски“: ИЛИНДЕН ВО ГОСТИВАР!

Гостивар, 28 јули 2025 – Градското културно уметничко друштво „Браќа Ѓиноски“ ја продолжува низата од прослави по повод 2 Август – Илинден со целовечерен концерт. Годинава, во предвечерието на големиот празник на 1 август (петок) на големата сцена во домот на културата „АСНОМ“ членовите на друштвото ќе изведат пригодна програма. Според зборовите на претседателот на друштвото, Предраг Ристески, љубителите на фолклорната уметност ќе имаат можност да проследат повеќе традиционални игри и песни. Тој истакна дека овој концерт е придонес кон одбележувањето на државотворниот празник и потсети дека првиот Илинденски концерт, ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ го одржа во 2019 година.

Летната концертна сезона најстарото културно уметничко друштво во Гостивар ја започна со славеничкиот концерт по повод 75 години постоење, па следуваа настапите на Меѓународниот фолклорен фестивал „Рудина фест 2025“ и на Тетовско културно лето. Потврдено е и учеството на Етно кампот во Охрид (од 3 до 8 август) и гостувања во странство.

Илинденскиот концерт на ГАКУД Браќа Ѓиноски ќе започне во 19:30 часот, а влезот е слободен.

погледни ја снимката од јубилејниот концерт

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar