Висар Адеми поднесе кандидатура за градоначалник на општина Гостивар

Гостивар, 29 август 2025 – Како независен кандидат во трката за градоначалник влезе универзитетскиот професор Висар Адеми. Тој денес придружуван од неколку блиски пријатели ги предаде документите за кандидатурата.

– Немам партиско лого, ниту ме придружува партиски лидер, туку граѓаните се со мене. Тука сум да го трансформирам Гостивар, бидејќи тој стана провинција, економоски и интелектулано, вака Висар Адеми ја најави предизборната кампања и официјално ја потврди неговата намера да биде кандидат за градоначалник на претстојните избори. По предавањето на документите, во изјавата посочи дека не се кандидира само за да победи на изборите и да му го врати достоинството на Гостивар.

Адеми нема да има листа за советници и ќе се кандидира само за функцијата градоначалник. Кандидатурата ја поднесе до Општинската изборна комисија во Гостивар, откако претходно беше верификувана од регионалната канцеларија на Државната изборна комисија.

Висар Адеми е доктор на економски науки и предава на неколку факултети.

За градоначалничката функција како кандидат изминатиов период е споменат, актуелниот, Ваљбон Лимани кој поддршката ја добива од крилото на Таравари и најверојатно ќе биде во предизборна коалиција со ДУИ. Втор кандидат е предлогот на коалицијата ВЛЕН/ВРЕДИ, Себаеден Даути. Засега Адеми е единствениот најавен независен кандидат за општина Гостивар. Крајниот рок за поднесување на кандидатури е 13 септември.

згм

 

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar