In Memoriam Киро Кипроски (1949-2025)

Гостивар, 30 август 2025 (МИА) – Киро Кипроски новинар и публицист почина утрово на 76 годишна возарст. Тажната вест утрово ја објавија членови на неговото семејство.

Во неговата пет децениска кариера најдолго работеше во локалната радио станица Радио Гостивар, а како дописник соработуваше со МИА, Нова Македонија, Утрински Весник, Макфакс, Радио Скопје, Екран, Дојче Веле и повеќе неделници и ревии од поранешната Југославија.

Автор е петнасетина монографии и книги за кои добил и признанија. Тој на читателската публика е познат по репортажите фотграфиите од посетите на Света Гора, Кина, Египет и особеностите на мијачкиот крај. Кипроски беше заштитен знак на манифестацијата „Галичка Свадба“ и ги следеше сите нејзини изданија. Важеше за длабок и почитувач на „Бигорскиот манастир“ и родиниот Галичник.  Слава ти!!

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar