Промовирани инвестиции во училиштето во Лакавица

Гостивар 2 август 2025 – Вршителот на должноста градоначалник на општина Гостивар, Валбон Лимани, денес го посети подрачното основното училиште „Единство“ во селото Лакавица и се запозна со реализираните инвестиции. Тој посетата ја искористи за да им посака успешна учебна година на учениците и наставниците.

Лимани истакна дека за време на летниот распуст е извршена целосна реконструкција на училишниот објект за да се подобрат условите за настава. Тој исто така информираше дека од оваа учебна година наставата во училиштето во Лакавица ќе се изведува само во една смена, следејќи го моделот на другите училишта на територијата на Општина Гостивар, каде што се исполнети условите за ваков вид настава.

– Изведена е речиси целосна реконструкција на објектот за да се обезбедат подобри услови за учениците. Годинава наставата ќе се одвива само во една смена, што не е само тука во ова училиште, туку и во поголемиот дел од подрачните училишта, изјави градоначалникот Ваљбон Лимани.

 

Вкупната вредност на инвестицијата во овој училиштен објект, кој е периферна единица на ООУ „Единство“, изнесува околу 30 илјади евра. Во ова училиште моментално настава посетуваат 30 ученици, од прво до деветто одделение. Градоначалникот Лимани најави и други инфраструктурни инвестиции за селото Лакавица, вклучувајќи уредување на неколку внатрешни улички и подобрување на системот за водоснабдување.

Тој истакна дека локалната самоуправа останува посветена на подобрување на условите за живот во руралните области. Пред извесно време беше завршено и асфалтирањето на локалниот пат кој води до ова село.

згм

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar