Денес Македонија слави 34 Години македонска државност
Гостивар, 8 септември 2025 – Македонија денеска одбележува 34 години од историскиот референдум на 8 септември 1991 година. Овој ден кој е истовремено и повод за сеќавање на првичната еуфорија, но и за трезвено согледување на тешкиот пат што државата го помина.
На 8 септември 1991 година Македонија стана независна и суверена држава со републиканско уредување. Во ноември 1990 година бил избран новиот парламентарен состав на Социјалистичка Република Македонија, кој на 25 јануари 1991 година во Собранието ја изгласал Декларацијата за сувереност. На 20 март била формирана првата влада. Со одлука на Собранието на СРМ од 7 јуни 1991, одредницата „социјалистичка“ е изоставена и од тогаш републиката се именува како Република Македонија. На 1 август било конституирано првото повеќепартиско Собрание на Македонија, кое на 6 август распишало одлука за спроведување референдум. Врз основа на резултатите од референдумот одржан на 8 септември 1991, на 18 септември во Собранието била потврдена волјата на народот со декларација за прифаќање на референдумските резултати, а на 17 ноември истата година пратениците го изгласале и Уставот на Република Македонија. Огромниот одзив (околу 75 отсто) и гласањето за сувереност и самостојност (95 отсто) пред 32 години се најголемата демократска потврда за државното име Македонија. Во февруари 1992 година Собранието го изгласало Законот за одбрана на Република Македонија, со што започнал процесот на воено осамостојување. Во април истата година Македонија се осамостоила и монетарно со новото име на валутата – денар. Во август 1992 бил донесен законот за новото знаме, кое веќе се веело насекаде низ Македонија,

Коментарите се затворени.