По „карамболот“ на магистралата Кичево – Гостивар пет лица згрижени на скопските клиники (ВИДЕО)
Гостивар, 8 септември 2025 – Во сообраќајката на магистралниот пат кон Кичево, која се случи попладнево пет лица се згрижени на скопските клиники, а едно во Гостивар. Сите се надвор од животна опасност. По прекинот на сообраќајот кој траеше заради увид, од 18:30 часот, движењето на возилата се одвива во двата правци без застој, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Тој потврди дека во сè уште непознати околности, попладнево дошло до сообраќајна незгода во која учествувале четири мотоцикли и четири патнички возила. Од 16 часот сообраќајот на магистралниот пат Гостивар – Кичево беше во прекин, а возилата се пренасочуваа по споредни локални патишта.
Според информациите на портпаролот Реџепи, повредените не се во животозагрозувачка состојба, но заради карактерот на повредите со амбулантни возила се испратени на лекување на скопските клиники.


згм
видео по сообраќајката
Коментарите се затворени.