КАТАСТРОФА: Вардар умира без вода

Гостивар 22 септември 2025 – Гостиварци се сведоци на еколошка катастрофа и умирање на живиот свет во Вардар. Нискиот водостој, (на одредени делници нема проток на вода) го исуши коритото на реката. Глетката е драматична особено на делот по кејот. Се гледаат умрени риби и се шири непријатна миризба. Некои сограѓани ни јавија и испратија фотографии дека пред извесно време имало и помор на рибниот свет.

   

Што придонесува за состојбата?? Спој на неодговорност на надлежните институции и климатските фактори. Градежна компанија побарала од ЕСМ (компанија која управува со хидроцентралите) да го сопре протокот на водата додека се заврши со стабилизирање на столб за мост. Тоа треба да биде околу две недели од 15.09 до 30.09 2025.

Концесионерот кој се грижеше за рибниот фонд не доби нов договор, па така повеќе од една година за водите и животот во нив се грижи државата. Поголем проблем создава и сушната година која придонесува за намаленото количество на вода во реките ја дава сликата на Вардар како за поток.

Со еден збор кажано: КАТАСТРОФА!!!

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar