Елена Васова, по наградата „Милан Младеновиќ“ му се посветува на својот деби-албум

Гостивар 1 октомври 2025 – Актуелната победничка, македонската авторка и пејачка Елена Васова конечно се врати дома откако ги заврши промотивните обврски околу наградата „Милан Младеновиќ“ во Макарска и во Белград.

Плановите на Елена во престстојниот период е да се им се посвети на македонските медиуми, но и на својот деби-албум. Ја чекаат интервјуата и гостувања, но и многу музика која треба да биде снимена. Тоа се песните кои доаѓаат по победничкиот сингл „Љубов“, и според својот квалитет воопшто не заостануваат зад него.

Според планот, албумот на кој Елена и нејзините соработници максимално ќе му се посветат периодов, треба да биде објавен до почетокот на следното лето. Потоа ја очекуваат настапи на „Арсенал фест“, фестивалот „Модро и зелено“, и секако на доделувањето на наградата „Милан Младеновиќ на 21 септември следната година во Макарска, кога ќе биде избран нејзиниот наследник.

Минатата недела Елена престојуваше во Белград и таму се сретна со тамошните медиуми. Меѓу многубројните средби посебно се истакнува гостувањето во емисијата „24 минути со Зоран Кесиќ“, каде беше музички гостин. Елена имаше и интервјуто во култната радио-станица 202-ка, па средба со новинарите на ТВ Нова С…

Зборувајќи за наградата „Милан Младеновиќ“, Елена истакна дека е интересен фактот што таа потекнува од Србија, се доделува од Хрватска, а победува Македонија. И, тоа е ТОА. Милан Младеновиќ и „Екатарина Велика“ и тоа како се присутни во животот и работата на Елена, со дополнување дека нивното влијание и понатаму е се уште силно во целиот регион.

Елена Васова е седмиот лауреат на наградата „Милан Младеновиќ“ и втор од Македонија, по Дина Јашари, која победи во 2022 година.

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar