Во станот каде што живееле двајца турски државјани, најдена дрога
Гостивар, 1 октомври 2025 (МИА) – Утрово полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишија од слобода М.А.К.(18) и М.Ј.(19), двајцата од Република Турција со привремен престој во Гостивар. При претресот на местото кај што престојуваат пронајдена е и одземена марихуана.

– Во периодот од 03:30 до 04:10 часот, со судска наредба извршен е претрес во домот во кој живеат , при што е пронајдена и одземена ќеса со марихуана, изјави портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.
Двете лица се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Доколку се докаже дека ја набавиле марихуаната на нелегален начин, на двете момчиња им се зе заканува депортирање и забрана за влез во Македонија
згм
Фото свр Тетово
Коментарите се затворени.