Нападнати две деца, жена во нападот користела нож
Гостивар, 6 октомври 2025 – Две малолетни деца биле нападнати на улица од четири лица од кое една жена која во нападот користела и нож. Полицијата го расчистува случајот и околностите под кои настанало насилството.
Според портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи, вчеранавечер околу 20:30 во ОВР Гостивар А.Т.В.(37) од Гостивар, пријавила дека околу 18:30 часот на улица „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар, нејзините два малолетни синови биле физички нападнати од три машки и едно женско лице.
– Според пријавеното, при нападот женското лице извадила и нож. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, вели Реџепи.
Коментарите се затворени.