СДСМ во среда ќе организира предизборна трибина во Гостивар

Гостивар, 13 октомври 2025 – Во рамки на предизборната кампања, СДСМ претстојната среда ќе организира трибина на која ќе зборува лидерот на партијата Венко Филипче. Од ОО СДСМ Гостивар упатија покана до сопартијците, членовите и симпатизерите на СДСМ

– Драги сограѓани, ве покануваме на граѓанска трибина во рамки на Караванот за локалните избори на СДСМ, која ќе се одржи на 15.10.2025 (среда) со почеток во 18 часот во Домот на културата. Гостин и говорник: претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче. Ве очекуваме да ја претставиме нашата програма за подобра иднина и поубав Гостивар за сите!

СДСМ со коалицијата на локалните избори учествува со листа на кандидати за членови на општинскиот совет која ја предводи Бојан Зафировски.

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar