Филипче: Од Гостивар ќе почнеме да ја враќаме топлината во државата, правдата во институциите и вербата во иднината
Гостивар, 15 октомври 2025 (МИА) – Лидерот на СДСМ, Венко Филипче од трибината која се организираше во рамки на предизборната кампања порача дека Гостивар знае дека силата е во заедништвото, а не во поделбите. Филипче во обраќањето, остро ги критикуваше политиките на власта и обвини дека таа намерно го разединува народот, и како што рече, за да ја скрие сопствената неспособност.
– Тие што денес владеат се обидуваат да нè разделат-со лаги, со поделби, со национализам што треба да ја прикрие нивната неспособност. Нивната политика е политика на поделби, на дестабилизација, на навреди. Политика која секогаш завршува со тензии во општеството рече Филипче.

Тој напомна дека ВМРО-ДПМНЕ заборавила ма најважната лекција од историјата – дека заедништвото е силата на оваа земја. Филипче го истакна Гостивар како симбол на соживот, достоинство и почит меѓу луѓето и најави дека токму оттука ќе започне обновата на вредностите кои, како што рече, биле системски разорени.
– Гостивар е симбол на спротивното: на соживот, на почит, на достоинство. И токму затоа, одовде, од градот на гостопримството, ќе почнеме да ја враќаме топлината во државата, правдата во институциите и вербата во иднината“, истакна Филипче на крајот од своето обраќање и ја побара поддршката на изборите.

Носителот на листата на коалицијата која ја предводи СДСМ, Бојан Зафировски во обраќањето вети дела заедно со советничката група ќе бидат достапни за сите граѓани и ќе ги застапуваат нивните потреби и барања.
– Нема добар градоначалник без силен Совет, нема силен и праведен Совет без силна и посветена советничка група на СДСМ, рече Зафировски.
Тој потсети дека како опозиција, во општинскиот совет посветено работеле и ја правеа општината потранспарентна и поотворена, а резултатите видливи. Зафировски најави дека ќе се членови во општинскиот совет ќе се залагаат за поголема инклузија на младите, за активен Локален младински совет, за поддршка на социјално ранливите граѓани, преку постојани иницијативи и конкретни предлози. Како области на делување од СДСМ ќе се залагаат за достинствено чествување на важните датуми и личности од историјата. Тој најави делување во обезбедување на подобри услови во градинките и училиштата, за поголема чистота на улиците, за проблемот со кучињата скитници, за уредени улици.

Пред сопартијците и симпатизерите во големата сала на центарот за култура „АСНОМ“ беше промовирана и листата на советници од коалицијата која ја предводи СДСМ. Во Гостивар на овие избори нема кандидат за градоначалник.
згм
Коментарите се затворени.