Гостиварските шахистки го потврдија европскиот рејтинг, ШК Гостивар 14-ти на Европскиот куп ЕКК

Гостивар, 28 октомври 2025 – Членките на шаховскиот клуб „Гостивар“ на 29. Европскиот клупски куп (ЕКК) за шахистки, што се одржа од 18 до 28 октомври на Родос (Грција), го потврдија рејтингот. Гостиварки ја освоија стартната позиција (14) со шест бода (16 по табли).

Боите на ШК „Гостивар“ ги бранеа ЖИМ Љиља Дрљевиќ (Србија, 2.063, 4,5/6, без пораз), ЖФМ Патриција Најманова (Бугарија, 2.045, 2,5/6), ЖФМ Петја Караиванова (Бугарија, 1.951, 3/6), Ксенија Томин (Србија, 1.936, 3,5/6) и Аница Андоновска (Македонија, 1.813, 2,5/4).

Патриција Најманова      

 

 

           

 

Капитенот на гостиварскиот тим, Воислав Мерџаноски потенцира дека овој настап е значаен и има вредност, бидејќи конкуренцијата била силна и во присуство на европската женска шаховска елита

– На ЕКК 2025 играа 20 клуба со 92 шахистки од 13 држави (11 ВМ, седум ЖВМ, 20 ИМ, 12 ЖИМ, еден ФМ, 10 ЖФМ). За истакнување е што Дрљевиќ немаше пораз имаше три победи и три ремија со 4,5 поени, вели Мерџаноски.

Наредно што се очекува во гостиварскиот шах е настапот на Александар Аврамоски (14). Тој ќе игра на Европското првенство за помлади категории во Будва (Црна Гора) од 28 октомври до 8 ноември. Колку овој млад шахист има потенцијал, е податокот дека влезе во конкуренција од 1200 шахисти.

 

 

згм

 

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar